Куња одлучи да се пресели во Манчестер јунајтед без оглед на неизвесното учество на клубот во ЛШ
- Напаѓачот на Вулверхемптон, Матеус Куња, се согласил да премине во Манчестер јунајтед, објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Манчестер, 21 мај 2025 (МИА) - Напаѓачот на Вулверхемптон, Матеус Куња, се согласил да премине во Манчестер јунајтед, објави инсајдерот Фабрицио Романо.
Дваесет и петгодишниот Бразилец сака да му се приклучи на Манчестер јунајтед без разлика на тоа дали тимот ќе обезбеди учество во Лигата на шампионите.
Единствена шанса Јунајтед да игра во елитното фудбалско натпреварување е да ја освои Лигата на Европа.
Куња настапува за Вулверхемптон од 2023. Сезонава одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, постигна 17 голови и шест асистенции.
Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на напаѓачот на 55 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА