Курц ќе биде сослушан поради сомнение за давање лажен исказ
- Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, против кого е покрената истражна постапка под сомнение дека сторил кривично дело, давање лажен исказ пред парламентарниот истражен одбор за аферата Иб
Виена, 27 јули 2021 (МИА) – Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, против кого е покрената истражна постапка под сомнение дека сторил кривично дело, давање лажен исказ пред парламентарниот истражен одбор за аферата Ибица, ќе биде сослушан од судија, а не од Обвинителството.
- Првпат против канцелар, кој е на функција, се води истрага под сомнение за кривично дело, направено за време на мандатот и во функција шеф на Владата, пред парламентарно контролно тело, како што е предвидено со Уставот. Поради тоа, делото, како и осомничените се од големо значење, се наведува во соопштението од австриското Министерство за правда.
Исто така се наведува судија треба да го спроведе сослушувањето, а не Обвинителството за борба против стопански криминал и корупција, што ја почна истрагата.
Врз основа на таквата одлука, Обвинителството ќе поднесе барање до покраинскиот Кривичен суд во Виена, канцеларот да биде сослушан од судија поради сомнеж за давање на лажен исказ. ми/