• петок, 05 декември 2025

Кумановската полиција викендов собрала 100-тина малолетници од две локации после полноќ

Кумановската полиција викендов собрала 100-тина малолетници од две локации после полноќ

Куманово, 7 јули 2025 (МИА) - Кумановската полиција викендов после полноќ собрала околу 100 малолетници од две локации од Куманово по и ги предала на нивните родители, соопшти денеска СВР Куманово.

- Во текот на изминатиот викенд полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки со цел пронаоѓање на малолетни лица кои по 24: 00 часот се собираат и го нарушуваат јавниот ред и мир. Притоа, на две локации во Куманово биле затекнати 92 малолетници, соопшти полицијата.

Малолетниците биле предадени на нивните родители и по целосното документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. ам/дма/


Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан