• петок, 05 декември 2025

Куманово ќе ја зголеми субвенцијата за домување за ранливите категории граѓани

Куманово ќе ја зголеми субвенцијата за домување за ранливите категории граѓани

Куманово, 2 мај 2025 (МИА) - Субвенцијата за кирија што ја доделува Oпштина Куманово е зголемена од 3.000 на 6.000 денари, информираа денеска од Секторт за социјална заштита. Одлуката ќе стапи на сила наредната недела по објавата во Службен весник. Советнците на последната седница на Советот ја изгласаа одлуката за зголемувањето на субвенцијата за домување и го проширија опфатот. Со одлуката покрај корисници на гарантирана минимална помош, субвенцијата ќе можат да ја користат корисници на социјална сигурност на стари лица како и жртви на семејно насилство. Корисниците на социјалната сигурност на стари лица можат да ја користат субвенцијата за домување 12 месеци, додека жртвите на семејно насилство-три месеци.

-Сметаме дека на овој начин и помагаме на најранливите категории. Покрај субвенција од шест илјади денари за кирија, овие корисници можат да користат и субвенции за трошоци за вода и смет, што дополнително им го олеснува животот, изјави Раководителот на секторот за социјална заштита, Александар Крстевски.

Мерката за домување беше воведена лани, тогаш ја користеа 15 лица, сега, надлежните од секторот очекува бројката на корисници да се зголеми.

-Заинтересираност има, го увидовме од теренските посети. Ќе ја промовираме мерката за да може целосно да се искористат финансиските средства, изјави Крстевски. ам/дма/


Фото: МИА

 

Остани поврзан