• петок, 22 ноември 2024

Куманово ќе донира 100.000 денари за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница

Куманово ќе донира 100.000 денари за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница
Куманово, 22 септември 2021 (МИА) - Советот на Општина Куманово на денешната седница едногласно донесе одлука за давање на финансиска поддршка за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница. Куманово за семејствата ќе одвои 100.000 денари.
- Длабоко сочувствуваме со овие семејства, знаеме дека нивната загуба не може никој да ја надомести средствата не се високи, ова е мал гест и сакаме да им покажеме дека сме со нив во овие тешки моменти, изјави Ивана Николиќ, советник од СДСМ.
Таа додаде дека ако постои финансиска пречка за исплата на овие средства, тогаш парите ќе бидат исплатени по одржувањето на локалните избори. Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска рече дека предлогот потекува од советничката група на ВМРО ДПМНЕ. - Сумата не е висока, но сакаме да покажеме дека сочувствуваме со болката на семејствата, како луѓе. Посакуваме на никој да не се случи вакво нешто. Ги повикувам надлежните институции да направат ревизија за да не се повтори ваков настан-изјави Шандева Доневска. Ова не е прв пат советниците од Куманово да доделат средства за жртви и штети од елементарни непогоди, поплави, земјотреси не само од државата, туку и на градови од соседните држави, Србија, Албанија, БиХ.ам/фф/

Остани поврзан