• недела, 22 декември 2024

Куманово одбележа 79 години од излегувањето на јадрото на кумановскиот партизански одред

Куманово одбележа 79 години од излегувањето на јадрото на кумановскиот партизански одред
Куманово, 27 јуни 2022 (МИА) - Куманово денеска одбележува 79 години од излегување на првите кумановски партизани, борци од НОБ. По тој повод делегации на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, борците, членовите на Сојузот на борци, АРСМ и учениците положија свежо цвеќе на спомен обележјето. Претставници на боречката организација, Општина Куманово, Советот, Армијата, деца од градинката „Ангел Шајче“ положија цвеќе пред споменикот во дворот на Денко Цеков, таткото на првоборецот Јордан Цеков Дане. За значењето на 26 јуни, од името на Сојузот на борци од Куманово, пред присутните говореше Зора Ивановска, порачувајќи дека ваквите настани не смеат да се заборават. -Во јуни 1943 година заедно со Панче Пешев и Христијан Тодоровски Карпош, Јордан Цеков Дане е организатор на јадрото од 11 партизани кои на 26 јуни вечерта излегоа од градот и пристапија во вториот јужно-моравски партизански одред. Во јули јадрото се зголеми на 18 партизани и на 2 август 1943 година се формира кумановскиот партизански одред под команда на Христијан Тодоровски Карпош. Одредот е создаден на 26 јуни1943 година во селото Пелинце. Денеска кога живееме во самостојна РСМ должни сме да ја кажеме вистината дека борците и сите учесници во НОБ дадоа драгоцен придонес во трасирање на патиштата за слободна македонската држава. Тоа е единствената вистина што ќе треба да ја запаметат сегашните и идните генерации, рече Зора Ивановска од Сојуз на борци Куманово Истовремено, делегација од Сојузот на борци од Куманово положи цвеќе и во дворот на Ангел Тодоровски, таткото на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош, во населбата Бедиње. ам/дма/

Остани поврзан