• петок, 22 ноември 2024

Кумановец бара помош од граѓаните доколку го видат неговото дете да пријават во полиција или да го контактираат семејството

Кумановец бара помош од граѓаните доколку го видат неговото дете да пријават во полиција или да го контактираат семејството
Куманово, 28 јануари 2020 (МИА)
Кумановецот Африм Асани денеска побара помош од граѓаните доколку го видат неговиот 11- годишен син, Џингиз Асани да пријават во полиција или да се јават на неговиот телефонски број 075/ 844- 348.
-Детето носи црвена јакна, изјави родителот Асани од кумановски „Средорек“ кој побара помош од граѓаните доколку го видат детето да пријават во полиција или да го контактираат семејството. Исчезнатото момче е родено на 24.10.2009 година.
Од МВР денеска информираа дека се  преземаат мерки за пронаоѓање на детето.
-На 27 јануари 2020 во 19.50 часот во Полициската станица Куманово, А.А.(40) од Куманово пријавил дека неговиот 10-годишен син на 24.01.2020 околу 15.00 часот излегол од дома и до моментот на пријавување не се вратил. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР. ам/ир

Остани поврзан