• петок, 22 ноември 2024

Културни настани во три објекти на Националната галерија

Културни настани во три објекти на Националната галерија
Скопје, 8 септември 2022 (МИА) – Националната галерија во денешното одбележување на Денот на независноста партиципира со четири културни настани кои ќе се одвиваат во три објекти. Во Даут пашин амам ќе се одржува ретроспективна изложба на Димитар Кондовски. Изложена е поставка по цели 30 години од неговата последна средба со македонската културна јавност. Творечки опус на Кондовски е камен-темелник врз кој се гради и доградува современата македонска ликовна уметност. Изложбата ќе биде отворена до 15 септември. „Апотеоза на пределот“ на Кирил Гегоски и „Ерос“ на Луан Мулиќи ќе бидат поставени во Чифте амам. Изложбите ќе траат до 24 септември. Во Мала станица, пак, ќе биде отворена изложбата „Жанр сцени од Колекцијата на Национална галерија“ Изложени се околу 80-ина дела во различни сликарски техники и скулптури кои се карактеризираат со буквална „секојдневност“ и „обичност“ на претставување на сцените. Жанр-сцената го опфаќа човекот како фокус, во неговото опкружување, претстави на пазари, ентериери, ликови во ентериер, улични настани. Изложбата ќе биде поставена до 10 октомври. Влезот во сите галерии денеска е бесплатен.свс/са/

Остани поврзан