Кубацки победник на „Четири скокалници“
- Полскиот ски-скокач Давид Кубацки го освои трофејот на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, откако вечерва го освои првото место во Бишофсхофен.

Бишофсхофен, 6 јануари 2020 (МИА) – Полскиот ски-скокач Давид Кубацки го освои трофејот на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, откако вечерва го освои првото место во Бишофсхофен.
На претходните три етапи од турнејата, Кубацки еднаш беше втор и два пати трет.
Кубацки вечерва оствари скокови од 143 и 140,5 метри за вкупно 300,9 бода.
Втор беше Карл Гајгер од Германија со скокови од 140 и 136 метри, а трет Маријуш Линдвик од Норвешка со 139 и 137 метри.
Дваесет и деветгодишниот Кубацки е трет полски натпреварувач кој стигнал до „Златниот орел“. Претходно овој трофеј кој се доделува на победникот на „Четири скокалници“ го освоија неговите сонародници Адам Малиш и Камил Штох. зс/