• недела, 19 мај 2024

Крстајиќ ја засилува Академија ФМП

Крстајиќ ја засилува Академија ФМП
Скопје, 20 јули 2020 (МИА) - Минатогодишниот МВП играч на Црногорското првенство, Стефан Крстајиќ ја засилува Академија ФМП за сезоната 2020/21. Крстајиќ кој минатата сезона со 25 индексни поени беше прв во првенството на Црна Гора доаѓа во тимот од редовите на екипата на Приморје, каде што постигнуваше 22 поена, 5.6 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки по натпревар. Дваесет и пет годишниот кошаркар, кој игра на позициите 1 и 2, во својата кариера има настапувано за екипите на Златибор од Србија и Приморје од Црна Гора. - После Србија и Црна Гора, ја продолжувам мојата кариера во Македонија и ми претставува големо задоволство што ќе го носам дресот на Академија ФМП. Успеавме за кратко време да се договориме, бидејќи препознав дека се работи за сериозен клуб, амбициозен и добро организиран. Имаме добри услови за тренинг и мислам дека соработката со тренерот Петровиќ ќе ми помогне доста во понатамошната кариера. Се надевам дека ќе составиме добра екипа и ќе имаме успешна сезона со многу победи, изјави Крстајиќ по повод неговиот трансфер.

Тагови

Остани поврзан