Овие кроасани, меки и воздушести, се подеднакво идеални за појадок или вечера.
Состојки:
- 3 јајца
- 3 чаши масло
- 0,5 л млеко
- една лажичка сол
- една лажичка шеќер
- една коцка квасец
- 250 грама маргарин
- околу 1,5 кг брашно
- една чаша вода за квасецот
- жолчка за премачкување
- една лажичка млеко
Подготовка:
Потопете го квасецот во млака вода, со една лажица шеќер и малку брашно. Кога квасецот ќе нарасне, ставете го во длабок сад и додадете ги јајцата, млекото, маслото, солта. Брашното додавајте го постепено, ќе видите кога е доволно додека го месите тестото, додека не стане меко и воздушесто. Месете го тестото околу 5 минути.Оставете го замесеното тесто да нарасне 1-2 часа. Кога ќе нарасне, развлечете го тестото во правоаголна форма, изрендајте го маргаринот, превиткајте го тестото на половина од двете страни, направете го истото од горе и долу. Потоа спојте ги половините, развлечете го во круг со дебелина од 5 мм и исечете 32 парчиња. Направете форма на кроасан и премачкајте го горниот дел со изматена жолчка и лажица млеко. Оставете да отстои 15 минути и печете на 200 степени околу 20 минути додека не поруменат.
Сервирање:
Сервирајте за појадок или вечера со џем по желба.
Фото: Фрипик