Кристал Палас го отпушти Виеира
- Со големо жалење ја донесовме оваа тешка одлука. Резултатите во последните месеци нè донесоа во незавидна положба на табелата и сметавме дека промената е неопходна за да имаме најдобри шанси да го задржиме статусот во Премиер лигата“, изјави претседателот на Кристал Палас, Стив Париш.

Лондон, 17 март 2023 (МИА) – Лондонски Кристал Палас му врачи отказ на тренерот Патрик Виеира по поразот од Брајтон (0-1), објави денеска клубот од Премиер лигата.
„Со големо жалење ја донесовме оваа тешка одлука. Резултатите во последните месеци нè донесоа во незавидна положба на табелата и сметавме дека промената е неопходна за да имаме најдобри шанси да го задржиме статусот во Премиер лигата“, изјави претседателот на Кристал Палас, Стив Париш.
Кристал Палас е три бодови над зоната за испаѓање и нема победа во Премиер лигата оваа година.
Французинот Виеира заминува од должноста 20 месеци откако седна на клупата на лондонскиот премиерлигаш. ег/сд/