• петок, 22 ноември 2024

Кризен штаб на Тетово со одлука за дополнителни мерки за заштита од пожари

Кризен штаб на Тетово со одлука за дополнителни мерки за заштита од пожари
Тетово, 17 јуни 2022 (МИА) - Во рамки на четвртиот состанок на тетовскиот општински кризен штаб одлучено е да се преземат дополнителни мерки за заштита од пожари, информираат од Општина Тетово. Оваа мерка ќе се спроведува по барање на граѓанскиот сектор. -Одлучено е да се регистрираат и контролираат сите постоечки хидранти во градот Тетово, како и во сите идни инфраструктурни проекти да се обезбеди нивно поставување. Да се испрати барање до надлежните органи да се изврши постојана инспекција на сите јавни и приватни претпријатија, како и на колективните објекти (колективно домување), кои имаат обврска со законските одредби за безбедност и здравје при работа, информираа од Општина Тетово. Членови на општинска комисија на состанокот информирале за идентификацијата на штетите предизвикани од непогодите што пред неколку денови го погодија градот Тетово. -Од општинската комисија известија дека сите барања упатени до општина Тетово се обработени и идентификувани на терен, а испратени се и официјални дописи до надлежните државни органи за проценка и надоместување на штетите од поплавите. Јавно комунално претпријатие „Тетово“ заедно со Територијалната противпожарна единица Тетово соопштија дека се преземени сите неопходни активности за расчистување и дезинфекција на патиштата, согласно акцискиот план. Исто така ЈКП, во соработка со ТППЕ трајно ги исчистија сите критични точки од канализацијата, а изготвен е и план за решавање на проблеми во канализационата мрежа на четири критични точки (на улица 171, кај касарната и два пункта во влезот на градот), информираа од Општина Тетово. На состанокот е констатирано дека барањата на Кризниот штаб во општина Тетово се испратени до Владата и до Бирото за судски вештачење , но од таму се уште нема преземено конкретни чекори.ас/вј/  

Остани поврзан