• сабота, 05 октомври 2024

Кривопаланчанец попречувал работа на полициски службеник

Кривопаланчанец попречувал работа на полициски службеник
Крива Паланка, 4 октомври 2022 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка синоќа лишиле од слобода жител на Општина Крива Паланка поради спречување на полициски службеник во вршење службени дејствија.
Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Куманово, Ивана Младеновска, на 3 октомври 2022, во 22 часот и 20 минути,  полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода четириесет и седум годишниот И.С. од Крива Паланка, поради тоа што на главната улица "св.Јоаким Осоговски“ спречувал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Против лицето ќе биде спроведена соодветна постапка. ид/сст/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан