• петок, 05 декември 2025

Кривична против кавадарчанец за кривично дело „разбојништво“ 

Кривична против кавадарчанец за кривично дело „разбојништво“ 

Кавадарци, 13 јуни 2025 (МИА) - ОВР - Кавадарци до ОЈО - Кавадарци поднесе кривична пријава против 37-годишниот кавадарчанец М.Н., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, соопшти попладнево Секторот за внатрешни работи - Велес.

-На 4 јуни околу 23:10 часот, пријавениот влегол во тобако во Кавадарци и со закана со пиштол кон вработената одзел пари од дневниот промет, информираше СВР - Велес. свд/

Фото МИА архива

Остани поврзан