Кривична против двајца кавадарчани, осомничени за набавка на „амфетамин“ во Скопје за да продаваат во Кавадарци
- Поднесена е кривична пријава против С.С. и Т.А., на возраст од 39 и 38 години, двајцата од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело - „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Поднесена е кривична пријава против С.С. и Т.А., на возраст од 39 и 38 години, двајцата од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело - „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ - по член 215 став 1 од КЗ на Република Северна Македонија, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
- Според документираните сознанија, пријавените на 3 јуни годинава од непознато лице во Скопје набавиле 185,4 грама наркотична дрога „амфетамин“, наменета за продажба. При транспорт, со патничко моторно возило „форд“, со кавадаречки регистарски таблички, управувано од Т.А., а С.С. бил сопатник, на подрачјето на општина Росоман, биле сопрени од полициски службеници кои што дале знак за запирање на патничко возило. Меѓутоа, тие не застанале, се дале во бегство, а С.С. ја фрлил од возилото наркотичната дрога, појаснија од МВР.
Набргу биле запрени и при преглед, кај С.С. била пронајдена 1.18 грама опојна дрога „амфетамин“.
По преземени оперативни мерки и активности, фрлената дрога била пронајдена и одземена. бд/дма/
Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерство за внатрешни работи