• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава против стружанец за бесправно градење

Кривична пријава против стружанец за бесправно градење
Скопје, 16 август 2021 (МИА) - Поднесена е кривична пријава против стружанец за бесправно градење на улица „Партизанска“ во Струга, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи. - ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Д.(52) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во февруари 2021 на ул.„Партизанска“ во Струга, без одобрение за градба изградил деловен простор на земјиште сопственост на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на МВР.фф/вј/

Остани поврзан