• сабота, 23 ноември 2024

Кривична пријава против скопјанец за измама и фалсификување пари

Кривична пријава против скопјанец за измама и фалсификување пари
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.И.(32) од Скопје осомничен за сторени кривични дела „измама" и „фалсификување пари", по член 247 и член 268 од Кривичниот законик. Пријавениот, информираа денеска од МВР, набавил 14 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра, по што во периодот од 09.05.2021 до 07.09.2021 ги пуштил во оптек при купопродажба на мобилни телефони од три лица. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 86.380 денари. цр/лв/

Остани поврзан