• сабота, 02 ноември 2024

Кривична пријава против едно лице за пукањето на улицата „Цветан Димов“ на 5 октомври

Кривична пријава против едно лице за пукањето на улицата „Цветан Димов“ на 5 октомври

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека случајот во кој беше повреден 19-годишник на улицата „Цветан Димов“ од Скопје е расчитен. Поднесена е кривична пријава против 24-годишниот Б.Б. за сторено кривично дело „убиство“.

- Денеска (01.11.2024) од страна на ЕНК до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против Б.Б. (24) за сторено кривично дело „убиство" по член 123 во врска со член 19 од КЗ и Б.З.(25) за сторено кривично дело „убиство" казниво по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од КЗ, информираа од МВР.

Инцидентот се случи на 5 октомври вечерва на улицата „Цветан Димов“, а случајот беше потврден и од полицијата. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан