• среда, 25 декември 2024

Кривична пријава за проневера во службата

Кривична пријава за проневера во службата

Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - ОВР Кичево поднело кривична пријава против С.Т.(49) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“, соопштија денеска од МВР.

Тој, во периодот од 08.07.2021 до 07.08.2024, во својство на директор на ЈЗУ Општа болница- Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо апарат M9 Mindray, кој му бил доверен во службата, како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денари. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан