• петок, 05 декември 2025

Кривична пријава за двајца жители од дебарските села Џепиште и Отишани - грабнале и силувале жена

Кривична пријава за двајца жители од дебарските села Џепиште и Отишани - грабнале и силувале жена

Дебар, 8 ноември 2025 (МИА) - На двајца жители од дебарските села Џепиште и Отишани им е поднесена кривична пријава за грабнување и силување жена, жителка на  дебарско село.

-Кривична пријава е поднесена против А.Л.(26) од дебарското село Џепиште, поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, како и против Е.В.(18) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР- Охрид.

Додаде дека тие пред два дена  околу 19 часот, во село во Дебарско, од куќниот двор насилно внеле 30-годишна жена во патничко возило „ауди“, кое го управувал Е.В. и се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга.

При тоа А.Л. физички ја нападнал, а оштетената паднала во бессознание, по што тој ја силувал. Потоа го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга. Сторителите се пронајдени и лишени од слобода. вт/хс/

Фото:  село Отишани ФБ

Остани поврзан