• петок, 22 ноември 2024

Кремљ: Путин и Ердоган ќе разговараат во Сочи на 4 септември

Кремљ: Путин и Ердоган ќе разговараат во Сочи на 4 септември

Москва, 1 септември 2023 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин на 4 септември во Сочи ќе разговара со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Ова на новинарите им го соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

„Разговорите ќе се одржат во понеделник, во Сочи, и ќе бидат во средината на денот“, рече портпаролот на Кремљ.

Ова ќе биде прва средба меѓу двајцата лидери по повлекувањето на Русија од т.н. Договор за жито. Последен пат тие се сретнаа на 13 октомври минатата година во Астана. Турскиот лидер беше во Русија пред нешто повеќе од една година, кога разговараше со Путин во Сочи на 5 август.

Во меѓувреме, сепак, претседателите на Русија и Турција се во постојан контакт. Последен пат телефонски разговарале на 2 август. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан