• сабота, 11 мај 2024

Кремљ: Екстремно сме загрижени за ситуацијата во Израел

Кремљ: Екстремно сме загрижени за ситуацијата во Израел

Москва, 9 октомври 2023 (МИА) - Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Москва е „екстремно загрижена“ за ситуацијата во Израел. 

Тој кажа дека настаните во оваа земја претставуваат „голема опасност“ за поширокиот регион на Блискиот Исток и дека ситуацијата лесно може да ескалира.

Руската амбасада нема информации за тоа колку руски државјани во Израел можеби биле повредени или убиени по упадот на Хамас, додаде портпаролот на Кремљ. 

На прашањето дали настаните во Израел можат да влијаат на руските операции во Украина, Песков рече дека тоа се „две сосема различни работи“. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан