• сабота, 21 декември 2024

Крводарителска акција во Велес, собрани 29 крвни единици

Крводарителска акција во Велес, собрани 29 крвни единици
Велес,10 март 2022 (МИА) - Во ССОУ „Димитрија Чуповски“ денеска се одржа акција за доброволно дарување на крв. Во крводарителската акција, која беше во организација на општинскиот Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина, беа собрани 29 крвни единици. Орце Николов, секретар на општинскиот Црвен крст Велес истакна дека во оваа акција 23 средношколци за првпат дарувале крв. Тој појасни дека услов за крводарување меѓу средношколците е да наполниле 18 години или 17,5 но да имаат писмена согласност од родителите. Инаку, оваа е прва од средношколските акции за крводарување годинава, следната е закажана за идната среда во велешката гимназија „Кочо Рацин“, а третата на 23 март во ССОУ „Коле Неделковски“. И учениците од економското училиште ќе бидат приклучени во една од следните акции. Општинскиот Црвен крст реализира две годишни акции меѓу средношколците, една во првите месеци од новата година и една наесен.ад/фф/

Остани поврзан