Крводарителна акција „Подари капка живот - Дај крв, прими дух“ во Бигорски манастир
- Во Бигорски манастир утре ќе биде спроведена крводарителна акција "Подари капка живот-Дај крв, прими дух“.
Дебар, 22 ноември 2025 (МИА) - Во Бигорски манастир утре ќе биде спроведена крводарителна акција "Подари капка живот-Дај крв, прими дух“.
-Во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиологија го отвораме нашето манастирско семејство за сите што сакаат да направат едно мало, но бесценето дело – да подарат живот. Една капка крв може да значи цел живот за некого, а љубовта што ја вложувате во ова дело е дар кој го радува и самото небо, рече архимандрит Кирил. Додаде дека акцијата се спроведува со благослов на епископ Антаниски г. Партениј.

Екипата ќе биде сместена во една од просториите на манастирскиот комплекс од 11 до 15 часот, а сите дарителите треба задолжително да понесат со себе документ за лична идентификација.
-Нека оваа недела биде осветлена од топлината на нашите отворени срца и нека добриот Бог им возврати со Својата благодат на сите што ја даруваат драгоцената течност, што живот значи, посака архимандрит Кирил. вт/аа/
Фото: МИА архива