• петок, 05 декември 2025

Крајбрежна служба на Грција: Турските рибари беа во меѓународни и не влегоа во грчките територијални води

Крајбрежна служба на Грција: Турските рибари беа во меѓународни и не влегоа во грчките територијални води

Атина, 3 септември 2025 (МИА) – Турските рибарски чамци во текот на целата нивна активност останаа во меѓународни води и никогаш не навлегоа во грчките територијални води, соопштија од крајбрежната служба на Грција во врска со информациите објавени во медиумите дека турските рибари доцна синоќа стигнале во територијалните води на Грција во делот меѓу островите Тасос и Самотраки, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба ги пренесоа податоците на надлежната Дирекција за контрола на рибарството, добиени од системот „Интегрирани морски услуги“ на Европската агенција за контрола на рибарството и објавија мапа движењата на турските рибарски бродови во вечерните часови вчера.

Овој факт бил потврден и од три патролни бродови на грчката крајбрежна служба кои пристигнале во областа и останале во рамките на грчките територијални води.

Државната телевизија ЕРТ, повикувајќи се на тврдења на грчките рибари, утрово објави дека турските рибарски чамци стигнале во грчките територијални води, а кога од нив побарале да се повлечат, Турците наместо со заминување одговориле со истрели во воздух. ср/ми/

Фото: Крајбрежна служба на Грција

Остани поврзан