Кралот на Тајланд го помилува поранешниот премиер Таксин Шинаватра
- Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра е помилуван од кралот Маха Ваџиралонгкорн и казната за корупција и злоупотреба на власта му истекува утре, објавија британските медиуми, повикувајќи се на денешната изјава на адвокатот на поранешниот премиер, Вињат Шармонтри.
Бангкок, 17 август 2024 (МИА) - Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра е помилуван од кралот Маха Ваџиралонгкорн и казната за корупција и злоупотреба на власта му истекува утре, објавија британските медиуми, повикувајќи се на денешната изјава на адвокатот на поранешниот премиер, Вињат Шармонтри.
Шинаватра беше вклучен во списокот на затвореници кои ќе добијат амнестија за добро однесување по повод роденденот на кралот, кој беше прославен минатиот месец, соопшти агенцијата.
Поранешниот тајландски премиер беше предвремено пуштен од полициска болница на 18 февруари оваа година, откако отслужи шест месеци од казната за корупција и злоупотреба на службената положба. Претходно казната беше намалена од страна на кралот од 8 години на 1 година затвор.
Да не му беше дадена амнестија, Таксин Шинаватра ќе ја отслужеше казната до 31 август. Неговата ќерка Паетонгтарн тој ден стана најмладиот премиер во историјата на Тајланд. мс/
фото: ЕПА