• петок, 22 ноември 2024

Кралицата Елизабета првпат во јавност по заминувањето на Хари и Меган

Кралицата Елизабета првпат во јавност по заминувањето на Хари и Меган
Лондон, 3 февруари 2020 (МИА) - Кралицата Елизабета првпат официјално се појави во јавност по одлуката на принцот Хари и неговата сопруга Меган за напуштање на кралските должности. Кралицата, која прослави 68 години на престолот, ја посети Кралската воздухопловна база во местото Мархам, источна Британија. Базата Мархам, составена од повеќе од 3.600 луѓе, е основана во 1916 година за одбрана на британскиот округ Норфолк од Германија за време на Првата светска војна. Мархам е исто така седиште на борбени авиони Ф-35Б. Принцот Чарлс и неговиот син Вилијам служеа во Кралската воздухопловна база како пилоти, додека принцот Хари леташе за време на неговата 10-годишна кариера, која ја заврши во 2013 година. паг/

Остани поврзан