Кралицата Елизабета Втора погребана до војводата од Единбург
- Кралицата Елизабета Втора е погребана по приватна церемонија во Виндзор, соопшти вечерва британското кралско семејство.

Лондон, 19 септември 2022 (МИА) – Кралицата Елизабета Втора е погребана по приватна церемонија во Виндзор, соопшти вечерва британското кралско семејство.
Во соопштението на веб-страницата на кралското семејство се вели дека таа е погребана „заедно со војводата од Единбург, во меморијалната капела на кралот Џорџ Шести“.
На погребот присуствуваше нејзиното блиско семејство. јт/