• четврток, 04 декември 2025

КП „Кале"- Центар Жупа доби мини багер

КП „Кале

Дебар, 8 август 2025 (МИА) - Јавното комунално претпријатие "Кале" - Центар Жупа доби мини багер, со што значително ќе се подобрат условите за извршување на секојдневните активности и услуги кон граѓаните.

-Тоа во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП Кале преку набавка на опрема“. Вредноста на доделениот мини багер  е 1.312.632 денари, што е од големо значење за успешно реализирање на активностите на претпријатието, во интерес на нашите граѓани, информираше Аријан Ибраим, градоначалник на општина Центар Жупа.

Оценува дека со тоа е успешно реализиран уште еден значаен проект за подобрување на локалната инфраструктура.

-Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа, во рамки на програмата за намалување на диспаритетите и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година, и Општина Центар Жупа како партнер, нагласува Ибраим.

Имплементацијата на проектот ја спроведе Центарот за развој на Југозападен плански регион. вт/ац/

Фото: Ибраим ФБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан