• недела, 22 декември 2024

Коњуфца предлага Приштина да не аплицира за Интерпол

Коњуфца предлага Приштина да не аплицира за Интерпол
Приштина, 12 февруари 2020 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Косово, Глаук Коњуфца денеска побара од Владата оваа година Приштина да не се кандидира за членство во Интерпол, бидејќи смета дека поддршката ќе изостане, пишува „Газета Експрес“. - Според интерната анализа на Министерството што го претставувам, ситуацијата не е оптимистична во однос на претходната година. Да бидеме искрени, Косово ништо не смени и според сите параметри ќе добиеме ист резултат како и до сега, а тоа не е добро, рече Коњуфца. Според него, Приштина треба да се подготви и да аплицира за Интерпол наредната година бидејќи, како што рече, и местото на одржување на Генералното собрание, што ќе биде во Турција, е поповолно за Косово. Одлуката за тоа треба да биде донесена на 1 или 2 март. Премиерот Албин Курти рече дека итно ќе се позанимава со тоа прашање. паг/

Остани поврзан