• сабота, 21 декември 2024

Коњуфца: ЕУ не може да предложи нацрт на ЗСО наместо Косово

Коњуфца: ЕУ не може да предложи нацрт на ЗСО наместо Косово

Приштина, 28 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на косовското Собрание, Гљаук Коњуфца, изјави дека не е можно Европската унија (ЕУ) наместо Косово да предложи нацрт за Заедницата на српските општини, бидејќи, според него, тоа би значело дека Косово е лишено од државната надлежност.

Коњуфца рече дека во надлежност на Косово е предлагањето нацрт за ЗСО.

Според него, ЕУ може да го критикува Косово за доцнењето, „но немаше прецизен рок до кога Косово треба да го претстави овој документ“, пренесе РТК.

„Можеби можеме да прифатиме критики, во ред е забелешката дека доцниме, но доцнењето не значи дека тие можат да ги преземат овластувањата на Косово“, рече тој.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан