• сабота, 23 ноември 2024

Коциќ: Ќе го решиме проблемот со водата за пиење во Оризари

Коциќ: Ќе го решиме проблемот со водата за пиење во Оризари
Скопје, 13 октомври 2021 (МИА) - Заедно со советничката листа, составена од чесни искрени, луѓе кои со своите раце го заработиле лебот, гарантирам дека ќе направиме многу подобри услови за живот и во Велес и во околните села, порача вечерва кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ и Коалицијата, Ненад Коциќ, во своето обраќање пред граѓаните на Оризари. Тој нагласи дека еден од петте приоритети на неговата програма е грижата за руралните средини, бидејќи селата треба да се развиваат, младите да остануваат да живеат дома, селата да бидат поубави, а луѓето да живеат посреќно и побогато. -Веднаш по почнувањето на мандатот ќе се зафатиме со решавање на проблемите во Оризари, еднаш засекогаш треба да се реши проблемот со водата за пиење и повеќе да нема проблем со тоа и во Оризари и во другите села, истакна Коциќ. Тој најави дека ќе работи да ја намали невработеноста на младите до нула отсто, вкупната невработеност во општината да падне на 10 проценти. Најави и грижа за младите, пензионерите, ранливите категории, за спортот, како и скорешен почеток на изградба на спортска сала во Оризари. -Не давам празни ветувања, сакам заедно да направиме добро за сите граѓани и ве повикувам во недела заедно да застанеме во поддршка на најдобрата листа, на најдобрата програма и најпросперитетната идеологија што ја имаме како СДСМ. Оризари беше и остана бастионот и бедемот, кој не успеаја да го покорат груевите борци и режимот, што ја малтретираше целата држава, за тоа ви честитам и уверен сум во голема победа на Оризари затоа, да го заокружиме бројот 12 за советничка листа на СДСМ, бројот 12 за градоначалник Ненад Коциќ, за најдоброто за сите граѓани на Општина Велес, рече Коциќ. мч/цр

Остани поврзан