Костовски: Ќе изградиме две нови основни училишта
- Позади мене е новоизграденото основно училиште во Визбегово. Тоа е сигурен доказ дека на место на најстарите основни училишта на територија на општина Бутел, Љубанци и Љуботен ќе изградиме две нови основни училишта, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
1 октомври 2025
Позади мене е новоизграденото основно училиште во Визбегово. Тоа е сигурен доказ дека на место на најстарите основни училишта на територија на општина Бутел, Љубанци и Љуботен ќе изградиме две нови основни училишта, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
За време на мојот четиригодишен мандат инвестиравме рекордни двесте петнаесет милиони денари во образованието. Обезбедивме ранче со прибор за секое прваче. Обезбедивме бесплатни униформи за сите ученици.
Обезбедивме и стипендии за најдобрите ученици. Инвестиравме во нови фасади, инвестиравме во нови информатички кабинети.
Училишните дворови ги реконструиравме целосно. Изградивме нови детски игралишта и нови спортски терени.
Нашите деца остануваат во фокус и во наредните четири години.
Линк од видео материјал:
https://youtube.com/shorts/p2mqmPpUd9Y