• петок, 05 декември 2025

Костовски: Поставуваме нови стандарди со тим кој ќе донесе нови проекти за Бутел

Костовски: Поставуваме нови стандарди со тим кој ќе донесе нови проекти за Бутел

24 септември 2025

Го сакам Бутел!

Ова е мојот, нашиот дом!

Ви благодарам!

Дозволете најнапред да ви се заблагодарам на вас граѓаните на општина Бутел кои во изминативе 4 години, несебично и безрезервно ме поддржувавте, благодарам за секоја идеја, за секој искрен и чесен пристап, но и за секоја критика, наведува градоначалникот на Бутел и кандидат за нов градоначалнички мандат Дарко Костовски во објавата на Фејсбук, што МИА ја пренесува интегрално.

Свесен сум дека не направивме сѐ, но исто така сум свесен дека поставуваме нови стандарди како се управува општината и како се реализираат капитални проектите кои се ветувани со децении наназад!

Предизвиците се големи, но ќе истраеме се додека не успееме!

Нашите проекти се големи, а нашите цели достижни.

Ќе градиме и создаваме уште повеќе!

Имаме кандидати за советници кои се почитувани во своите населени места но и докажани професионалци. Тим кој со сигурност ќе донесе многу нови проекти за општина Бутел и во наредниот период. Носител на оваа победничка листа е д-р Никола Божиновски.

Сега има разлика, но за 4 години општина Бутел ќе биде најубавата општина во градот Скопје. Мојата 8 годишна визија е плод на љубов, работа и искреност!

Овие 4 години се години на ренесанса, години во кои се реализираа рекорден број на капитални проекти и години на најголем развој на општина Бутел.

Изминаа  4 години на кои сум особено горд, 4 години во кои јас и мојот тим неуморно работевме за модерна, просперитетна и напредна општина Бутел.

Но, тука не застануваме!

И наредните  4 години ќе бидат исполнете со уште повеќе работа!

Општина Бутел се развива. Општина Бутел се менува во модерна и просперитетна општина за сите граѓани.

Продолжуваме со уште посилно темпо!

За модерна, урбана и европска Општина Бутел!

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/1AHPL8GcGx/

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан