• четврток, 04 декември 2025

Костовски: Д-р Никола Божиновски е нов претседател на Советот на Општина Бутел, убеден сум дека ќе имаме одлична соработка

Костовски: Д-р Никола Божиновски е нов претседател на Советот на Општина Бутел, убеден сум дека ќе имаме одлична соработка

Скопје, 5 август 2025

Д-р Никола Божиновски е нов претседател на Советот на Општина Бутел, соопшти градоначалникот на Бутел Дарко Костовски во Фејсбук објава што МИА ја објавува интегрално.

Д-р Никола е специјализант ЈЗУ Универзитетска Клиника. Никола живее во Бутел 2, пред се станува за добар млад човек. Тој добро ја познава душата на Општина Бутел, неколку години работеше и како матичен лекар во Бутел. Слободно можам да кажам дека беше исклучително омилен кај своите пациенти.

Д-р Никола е човек со изграден карактер, човек со интегритет, на посебен начин ја доживува Македонија, особено Општина Бутел.

Нашата Општина може да се гордее со вакви квалитетни млади луѓе.

Докторе, убеден сум дека ќе имаме одлична соработка, не чека многу работа, покажавме дека можеме и знаеме. Тек допрва доаѓаат најголемите работи.

Искрено сакам да му се заблагодарам на досегашниот претседател на совет д-р Игор Николов за одличната соработка. Тој веќе е избран за амбасадор во Р. Франција. Честитки.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1J6m6aLEgF/?mibextid=wwXIfr

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Фејсбук на Дарко Костовски

Остани поврзан