• сабота, 18 април 2026

Во КИЦ Софија ќе бидат претставени дејноста и мисијата на Националниот конзерваторски центар - Скопје

Во КИЦ Софија ќе бидат претставени дејноста и мисијата на Националниот конзерваторски центар - Скопје

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Софија, вечерва, директорот на Националниот конзерваторски центар - Скопје, Александар Јорданоски, ќе ги претстави установата, нејзината дејност, мисијата и континуираниот придонес во заштитата на културното наследство.

- Во рамките на настанот ќе се одржи и промоција на неговата најнова книга „Човекот, културата и влогот во сопствената култура“ (2025), дело што произлегува од долгогодишно професионално искуство и научна зрелост. Книгата претставува кохерентна и аргументирана целина во која културата се согледува како темелна врска меѓу идентитетот, историската меморија и современите општествени процеси, но и како простор на одговорност, критичка мисла и визија - информираат од македонскиот Културно-информативен центар во Софија.

Со стручен и промотивен осврт ќе се вклучи и Јехона Спахиу-Јанчевска, историчар на уметноста - советник конзерватор, која ќе се осврне на значењето на книгата во контекст на современите предизвици во заштитата на културното наследство.

Настанот, додаваат од таму, претставува значаен придонес кон меѓународната афирмација на Националниот конзерваторски центар - Скопје, зацврстувајќи ја неговата улога како релевантна институција во областа на заштитата на културното наследство и унапредувајќи ги соработката и размената на знаења на меѓународно ниво. сст/са/


Фото Македонски културно-информативен центар во Софија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан