• петок, 05 декември 2025

Костадинов му ја предаде функцијата на новиот градоначалник Петар Јанков

Костадинов му ја предаде функцијата на новиот градоначалник Петар Јанков

Струмица, 27 октомври 2025 (МИА) - Со ставање на значката со амблемот на Струмица досегашниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов му ја предаде функцијата на новоизбраниот Петар Јанков со што од денеска тој и официјално е градоначалник на Струмица, откако претпладнево од ОИК му беше врачено и уверението.

Во изјавата за медиумите Јанков истакна дека во следниот период, како што било ветено во изборната програма, се посветува на чесна и посветена работа за Струмица.

-Овие денови се планирани средби со раководителите и директорите на јавните претпријатија, да поразговараме во каква ситуација сме и во кој правец ќе се движиме понатаму, рече Јанков.

Досегашниот градоначалник, Костадин Костадинов му посака успешна работа на Јанков.

-Јас денеска во мое лично име сакам да честитам на мојот политички наследник како градоначалник на Општина Струмица, Петар Јанков, да му посакам плоден и успешен мандат, да му посакам многу храброст, истрајност и најважно од се трпение и автономност во одлуките коишто верувам и сум оптимист дека ќе бидат за доброто на сите во нашата Општина Струмица, изјави Костадинов.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Струмица, Петар Јанков победи во првииот круг на локалните избори со повеќе од пет илјади гласови разлика пред кандидатот на СДСМ, Марјан Даскаловски и по 20 години владејачката партија има свој градоначалник и мнозинство во Советот на Струмица. рт/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан