• петок, 05 декември 2025

Костадинов: Барам нов мандат, бидејќи започнатите процеси заслужуваат да продолжат

Костадинов: Барам нов мандат, бидејќи започнатите процеси заслужуваат да продолжат

Валандово, 7 октомври 2025 (МИА) - Барам нов мандат, бидејќи започнатите процеси заслужуваат да продолжат. Валандово мора да остане на врвот на транспаретноста на државно ниво и да биде лулка на демократијата. Валандово мора да биде на сите, на пензионерите, на земјоделците, на децата на родителите. Бизнисот, овде во Валандово, мора да продолжи да дише без притисоци, без закани и без репресии како некогаш. Институциите мора да бидат функционални, а парите мора да се враќат кај граѓаните, истакна кандидатот за градоначалник на Валандово од СДСМ и коалицијата, Перо Костадинов на вечерашната граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“ во рамки на кампањата за локалните избори.

Тој за новиот мандат најави нови програми со кои ќе се трансферираат 10 милиони денари кон граѓаните за започнување на сопствен семеен бизнис.

-Пет милиони денари на годишно ниво ќе бидат на располагање за нашите спортски клубови, културно-уметнички друштва и граѓански здруженија и два милиони денари на годишно ниво обезбедуваме за нашите пензионери. Субвенцијата за новороденче ќе се зголеми од 5 илјади на 30.000 денари. Валандово ќе добие градски стадион и голем градски парк, градски базен и балон сала. Валандово ќе добие нови паркинг места и нови кружни текови, нова градска библиотека, ќе управува на нов, современ начин со отпадот и секое домаќинство ќе селектира отпад, истакна Костадинов, образложувајќи ја неговата изборна програма.

Вечерва беа претставени и кандидатите за советници од СДСМ и коалицијата, а листата ја предводи Надица Недиќ. рт/дма/

Фото: принт скрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан