• понеделник, 23 декември 2024

Костадиновска - Стојчевска: Бајрам потсетува на вредностите за мир, толеранција и единство

Костадиновска - Стојчевска: Бајрам потсетува на вредностите за мир, толеранција и единство

Скопје, 10 април 2024

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија.

„Бајрам Шериф Мубарек Олсун на сите сограѓани од исламска вероисповед кои изминатите 30 дена беа истрајни во постот и со одрекувања, молитва и трпение го дочекаа денешниот најголем и најрадосен празник, Фитр Бајрам.

Претстојните Бајрамски денови се награда и радост за муслиманите, но и порака до сите дека универзалните вредности на мир, меѓусебно почитување, заедништво, сочувство, толеранција и разбирање се клучот за успехот.

Споделувајте ја радоста на Бајрам со вашите најблиски, семејството, роднините, пријателите, соседите, како и со оние на кои им треба помош во текот на овие денови, за сите да можат да ја почувствуваат вистинската убавина на Бајрам.

Нека денешниот празник ги исполни вашите домови со здравје, љубов и благосостојба, додека заедно градиме подобра иднина базирана на европските вредности и мултиетничката хармонија“, напиша министерката за култура во својата честитака.

Министерство за култура

Фото: Министерство за култура

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан