Косовската претседателка ѝ честита на Германија за победата над Србија во финалето на СП во кошарка
- Претседателката на Косово, Вјоса Османи ѝ честита вечерва на Германија, за нејзината победа над Србија во денешното финале на Светското првенство во кошарка, јави дописникот на МИА од Приштина

Приштина, 10 септември 2023 (МИА) – Претседателката на Косово, Вјоса Османи ѝ честита вечерва на Германија, за нејзината победа над Србија во денешното финале на Светското првенство во кошарка, јави дописникот на МИА од Приштина.
”Weltmeister!“ – „Светски шампиони“, на германски - напиша Османи на нејзината официјална страница на платфорамата „Х“ (поранешен „Твитер“), откако денеска Германците триуфираа со 83:77 против Србија во финалето на СП во престолнината на Филипините, Манила, и за прв пат станаа светски прваци.
- Честитки до нашите пријатели Германци за една навистина заслужена и историска победа на Светскиот куп, напиша Османи. иа/ми/