Коп: Нема да има ново вето, уставните измени се гаранција за почеток на преговорите
- Менувањето на Преамбулата на македонскиот Устав е гаранција за почеток на новата фаза од преговарачкиот процес на Северна Македонија со Европската Унија, уверува амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Дирк Јан Коп.
Скопје, 28 мај 2023 (МИА) - Менувањето на Преамбулата на македонскиот Устав е гаранција за почеток на новата фаза од преговарачкиот процес на Северна Македонија со Европската Унија, уверува амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Дирк Јан Коп.
- Втората фаза ќе почне во моментот кога Северна Македонија ќе ја смени Преамбулата во Уставот за да го вклучи бугарското малцинство, заедно со седумте етнички заедници кои се веќе споменати во Уставот. Заклучоците од Советот минатиот јули јасно кажуваат дека штом Северна Македонија ги усвои уставните измени, веднаш ќе почне втората фаза и тоа без каква било друга политичка одлука. Значи, да, менувањето на Преамбулата во Уставот го гарантира почетокот на новата фаза. Тоа е автоматски, вели амбасадорот Коп во интервју за Радио Слободна Европа.
И покрај заканите од Бугарија за ново вето, амбасадорот Коп уверува дека тоа нема да се случи, но сепак додава дека билатералното прашање не треба да се користи како оправдување за незавршување на реформите.
- Состојбата во правосудниот систем е болна за гледање, а наместо напредок гледаме влошување и на ситуацијата со корупцијата, вели амбасадорот Коп.
Амбасадорот на кралството Холандија предупредува дека користењето на европското знаме за законите за „Бехтел и Енка“ може да има последици на натамошниот процес од евроинтегративниот процес, затоа што во овој случај не се работи за усогласување со европското законодавство. аа/
Фото: МИА архива