• понеделник, 23 декември 2024

Координација на пратеничките групи пред гласањето за новата влада

Координација на пратеничките групи пред гласањето за новата влада
Скопје, 16 јануари 2022 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва даде половина час пауза на седницата на која се води расправа за изборот на новата влада и ги повика координаторите на координација за завршниот дел од седницата, по кој треба да се гласа за владата. -Давам пауза од половина час и ги повикувам координаторите на пратеничките групи на консултации за последната рунда од четири говорници, за да се затвори циклусот на говорници и завршни зборови на мандатарот. Со тоа по паузата да ја затвориме дискусија по односното прашање. Продолжуваме во 21:45 часот, рече Џафери. Во денешниот дел од расправата, како и во текот на вчерашниот ден, опозициските пратеници посочија дека новата влада само ќе продолжи по неуспешните стапки на претходната, која ја следеа корупција, криминал и скандали. Таа нема легитимитет и потребни се нови избори. Пратениците од власта пак сметаат дека досегашната влада мошне добро се справила со досегашните предизвици, а од новата очекуваат уште повеќе работа во интерес на граѓаните и државата. Собраниската расправа за избор на нова влада почна вчера. Расправата може да трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до вечерва на полноќ. Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието. сст/дма/

Остани поврзан