• четврток, 19 март 2026

Концерт на Филхармонијата со пијанистот Алим Беисембајев од Казахстан

Концерт на Филхармонијата со пијанистот Алим Беисембајев од Казахстан

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Оркестарот на Филхармонијата, вечерва, во 20 часот, ќе го одржи симфонискиот концерт „Нови хоризонти“. Како солист ќе настапи Алим Беисембајев од Казахстан, еден од најдобрите млади пијанисти во моментот на светската музичка сцена. Диригент е маестро Емил Табаков.

На програмата се: Концерт за пијано и оркестар бр. 1 во Бе-мол, оп. 23 од Чајковски и Свитата бр. 2 „Ромео и Јулија“ од С. Прокофјев.

Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Образованието го завршил на Бугарската државна академија студирајќи контрабас на Гудачкиот оддел, паралелно студирал и дипломирал на Одделот за диригирање, а во 1978 година дипломирал и на Одделот по композиција.

Досега реализирал повеќе од 250 симфониски и оперски записи за голем број музички куќи во Бугарија, Германија, Холандија, САД. Покрај диригентската кариера, Емил Табаков се издвојува и како еден од најинтересните бугарски композитори. Автор е на многубројни концерти за разни инструменти, на дела што се разликуваат по форма за симфониски оркестар (девет симфонии) и други формации. Носител е на престижни награди и како диригент.

Алим Беисембајев е роден во Казахстан во 1998 година. Музичките студии ги почнал во Purcell School, каде што освоил повеќе награди, меѓу кои и Првата награда на Junior Cliburn International Competition. Учел кај Теса Николсон, со која продолжил да работи и на Кралската академија за музика во Лондон. Во 2023 година ги завршил магистерските студии и Artist Diploma по изведба на Кралскиот колеџ за музика, под менторство на професорката Ванеса Латарш. Неговото уметничко усовршување е поддржано преку многубројни стипендии, меѓу кои од Imogen Cooper Music Trust, ABRSM, Countess of Munster Musical Trust, Hattori Foundation, Drake Calleja Trust, како и преку програмата Talent Unlimited. мд/паг/

Фото: МИА архива и Филхармонија 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан