• среда, 26 јуни 2024

Концерт на пијанистот Симон Трпчески во Лондон

Концерт на пијанистот Симон Трпчески во Лондон
Скопје, 6 март 2022 (МИА) - Во рамки на Пролетната серија концерти на „Вигмор Хол“, утре пијанист Симон Трпчески во престижната концертна сцена во Лондон ќе одржи матине концерт насловен „Трпчески и пријателите“. На овој концерт сцената со Трпчески ќе ја делат Ѓорѓи Димчевски на виолина, Сорин Спасиновици од Романија на виола, Александер Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет и Влатко Нушев на перкусии. Концерото ќе се пренесува во живо на веб-страницата на „Вигмор Хол“, а видеото ќе биде достапно 90 дена по датумот на емитување. Почетокот на едночасовниот настап е закажан за 13 часот по британско, односно 14 часот по средноевропско време. - Во меѓувреме, издавачката куќа Лин рекордс, по големиот интернационален успех на ЦД-то на кое Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија изведуваат програма со дела од Шостакович, веќе за крајот од овој месец го најави и излегувањето на првиот самостоен компакт диск за познатата британска етикета на која Симон Трпчески ќе се претстави со дела од Моцарт, Брамс и Бетовен, се наведува во соопштението. свс/сп/

Остани поврзан