Концерт на Паскал Голоа со учениците од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“
- Паскал Голоа, директор на Музичкиот конзерваториум Моцарт во Париз, вечер во Музеј на македонската борба ќе одржи мастер клас по оркестрирање со учениците од средното музичко училиште „Илија

Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) – Паскал Голоа, директор на Музичкиот конзерваториум Моцарт во Париз, вечер во Музеј на македонската борба ќе одржи мастер клас по оркестрирање со учениците од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.
Паскал Голоа е повеќестран уметник и мајстор на инструментот фаготот.
Голоа е солист, концертен изведувач и педагог, а денес сè повеќе се потврдува во диригирањето, што, всушност, претставува кулминација на неговата музичка определба.
Тој е уметник посветен на родниот град. Диригирањето е во фокусот на неговата музичка мисија. свс/са/