Концерт на македонската група Next to Silence на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука
- Next to Silence е македонски џез состав кој функционира повеќе години и сочинет е од членови кои долго соработуваат со разни музички формации. Групата фаворизира специфичен џез израз кој не се вклопува во конкретни категории и истовремено интерактира со духовни и саркастични елементи. Поради својата посветеност да изгради сопствен звук, бендот има привилегија да ја издава својата авторска музика за престижната етикета на Скопскиот џез фестивал, што овозможува врвна афирмација на нивната звуковна уметност.
Скопје, 24 август 2025 (МИА) - Групата Next to Silence ќе одржи концерт на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија. Овој концерт ќе биде ретка прилика да се слушне групата во анплагд издание, а на кого ќе бидат изведени повеќе композиции од нивните албуми. Концертот се одржува во рамки на Prilep Jazz Weekend, со што се афирмираат алтернативни простори за концертни настани, а воедно се промовира и предисториското културно наследство (https://prilepjazz.mk/next-to-silence-prilep-jazz-weekend-2025/).
Next to Silence е македонски џез состав кој функционира повеќе години и сочинет е од членови кои долго соработуваат со разни музички формации. Групата фаворизира специфичен џез израз кој не се вклопува во конкретни категории и истовремено интерактира со духовни и саркастични елементи. Поради својата посветеност да изгради сопствен звук, бендот има привилегија да ја издава својата авторска музика за престижната етикета на Скопскиот џез фестивал, што овозможува врвна афирмација на нивната звуковна уметност.
Во таа насока излегува и нивниот последен албум за СЏФ Рекордс, именуван како „Рух“, а кој е мошне добро прифатен меѓу слушателите, и особено меѓу музичката критика која направи неколку осврти на ова комплексно музичко дело. Нивната умешност, сублимирана и во ова најново издание, не ретко е манифестирана и на нивните бројни настапи, што воедно ќе биде можност да се посведочи и на концертот овој четврток во Котур. На својот настап, освен материјалот од Рух, Next to Silence во репертоарот ќе вклучат композиции и од нивниот претходен албум „…“. нд/
Фото: Плакат