Концерт на Георги Трајков во КИЦ-Скопје
- Концерт на класична гитара во изведба на Георги Трајков ќе се одржи вечер од 19.30 часот во Културно-информативниот центар - Скопје, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“.

Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - Концерт на класична гитара во изведба на Георги Трајков ќе се одржи вечер од 19.30 часот во Културно-информативниот центар - Скопје, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“
Георги Трајков (1997, Струмица) дипломирал нa Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. м-р Дарко Багески.
Учествувал на повеќе државни и меѓународни натпревари во земјава и во Бугарија, Србија, Хрватска, Австрија, Германија и Италија и има освоено седум први, четири втори и пет трети награди. хс/са/