Концерт во чест на 30 години билатерални македонско-јапонски односи
- Во Македонскиот народен театар вечер од 18 часот концерт ќе одржи Оркестарот за џез-музика на Република Северна Македонија во чест на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Јапонија.

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) - Во Македонскиот народен театар вечер од 18 часот концерт ќе одржи Оркестарот за џез-музика на Република Северна Македонија во чест на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Јапонија.
На концерот ќе присуствуваат министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, кој е во дводневна работна посета на нашата држава.
Како што информира Министетството за култура и туризам, Џез-оркестарот на концертот ќе изведе композиции инспирирани од македонското изворно творештво, како и авторска композиција на гостинот од Јапонија - Нобуо Ватанабе.
-Пред почетокот на концертот, предвидени се и кратки поздравни обраќања на министерот Љутков, комесарот Токура, амбасадорот на Јапонија во Северна Македонија, Оцука Казуја, и на заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, соопшти Министерството. хс/ цр
Фото: МИА архива