Концерт во Крива Паланка по повод празникот на градот
- Синоќа на градскиот стадион во Крива Паланка се одржа голем празничен концерт по повод празникот на патрон светителот на градот, Свети Јоаким Осоговски, дел од програмата на Кривопаланечко културно лето.
Крива Паланка, 30 август 2025 (МИА) - Синоќа на градскиот стадион во Крива Паланка се одржа голем празничен концерт по повод празникот на патрон светителот на градот, Свети Јоаким Осоговски, дел од програмата на Кривопаланечко културно лето.
Неколку десетици илјади публика од речиси сите краеви на Македонија и регионот уживаа во настапот на балканската музичка ѕвезда, Цеца Ражњатовиќ, се публиката во текот на целовечерната музичка програма се забавуваше и со енергичните Биг Бенд и Дејан Петровиќ, Никола Станишиќ и Мики Секуловски, како и ДЏ Галoвски.
Од општината велат дека Крива Паланка во празничните денови е токму каква што сака секој да ја види распеана, весела и разиграна, во празнична глетка и срца исполнети со радост и енергија.
Програмата на Кривопаланечко културно лето завршува вечерва, со концерт и настапи на: Саша Ковачевиќ, Дејан Петровиќ и ДЏ Томи Нови на градскиот стадион со почеток во 20 часот.ид/вј/
Фото: Општина Крива Паланка